На Криволак уништени 120 неексплодирани средства, остаток од војните на територијата на Македонија (фото и видео)

Петар Печков

Попладнево на армискиот полигон Криволак,  пиротехничари и вработени во Дирекцијата за заштита и спасување извршија уништување на пронајдени неексплодирани убоити средства. 

Уништени беа 120 гранати, рачни бомби, противтенковски мини од Прва Светска војна, Втора Светска војна и воениот конфликт во Македонија во 2001-та.

Ова е трето и последно за годинава уништување на ваков материјал, кој е пронајден на територијата на земјава. Статистички  без малку секој ден  се наоѓа по некоја неексплодирана граната, средство. Најчесто ги има на линијата од Солунски фронт - кажа Ефтим Митров пиротехничар. 

За илустрација во текот на вчерашниот ден  во Претор, на Преспанско езеро на плажата од страна на граѓани биле пронајдени две неексплодирани гранати, од Прва Светска војна. Претходно беа пронајдени и во село Удово и село Миравци. 

Благодарноста од Ефтим Митров и неговите колеги што овозможија да се присуствува на овој чин, каде јавноста досега беше исклучена.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати