На Јакупица спасено мече кое било фатено во примка

Петар Печков

Вечерва е спасено мече на планината  Јакупица, кое било фатено во примка. Во координираната активност на спасувањето учествувале двајца инспектори од Државниот инспекторат за животна средина,  членови на Ловното друштво Руен од Велес, Македонското еколошко друштво, СВР Велес,  ветеринар од Скопската Зоолошка градина.  

Примка, најчесто направена од јамка -од жица, ортома или конец која се стега околу вратот или ногата на животното кога тоа ќе помине низ неа.  Користењето на примка е кривично дело. 

Мечето со јамката околу врат го пронашле четворица ловџии кои неделата биле во лов. Тие го  информирале   Ловечкото Друштво Руен од Велес .

„Бевме на лов,кога слушнаме рикање на мечка. Оа беше силен лелек. По звукот го пронајдовме мечето, беше агресивно од болка. Но бараше спас од нас. Со милни очи гледаше да ја спасиме ама не дозволуваше да се приближиме. Во близина беше и неговата мајка, која гледаше што се случува. Веднаш пријавиме до ловното друштво“ – вели  еден од ловџиите кои ја пронашле мечката. 

Пронајденате  кафеава мечка бил фатена во нелегално поставена примка (сајла) на локација Чеплес, 1.5км од Рибник Нежилово, Велешко.

Биле превземени активности за заминување на лице место во доцните попладневни часови нејзино успивање, преглед, отстранување на примката (сајлата) и пуштање во шумата.  Успивањето и прегледот беа направени од стручно лице ветеринар од ЗОО Скопје  а мечето успешно беше пуштено во природа.

Констатирано е дека  била машка мечка околу три годишна старост, 70кг тежина, без видливи повреди од нелегалната примка (сајла).

За настанот е известен и јавен обвинител од Велес, а од страна на Полицијата е превземена примката за понатамошно вештачење и поведување кривична постапка согласно Кривичниот Законик.

 Фото: Државен инспекторат за животна средина

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати