Петар Печков
Објавено: четврток, 22 октомври 2026
Три филма се на репертоарот на Киноверзум Велес, два од нив се премиери.
Премиера за хоророт “Глинено лице“ . Менувачко суштество направено од магична глина го прогонува Готам Сити, наизменично појавувајќи се како непријател и сојузник на Бетмен. Низ годините, повеќе трагични ликови ја носеле улогата на Клејфејс.
Премиера и за акциониот филм „Уличен борач“ кој светскта премиера ја имаше минаата седмица и се најде на врвот по гледаност во светот. Уличните борци Рју и Кен повторно се обединуваат кога Чун-Ли ги регрутира за турнирот „Светски воин“. Додека се соочуваат со скриена завера, тие мора да се соочат еден со друг и со своето минато — или да се соочат со уништување.
Третиот филм кој се прикажува а трилерот „Верити“ работен по истоименат акнига на сверски познатата Колин Хувер. Ја раскажува приказната за популарната авторка Верити Крофорд (Ен Хатавеј) и писателката на почеток од својата кариера Лоуен Ешли (Дакота Џонсон), која се сели на зафрлениот имот на Крофорд, каде што треба да пишува во нејзино име. Откако Лоуен ги открива морничавите автобиографски белешки на Верити, таа се бори со вознемирувачките и изопачени признанија за мажот на Верити, Џереми (Џош Хартнет), и тешко ѝ е да ја оддели фикцијата од реалноста.
