Наша задача е да ги имаме Рацин дома со негово дело, како што ја имаме Библијата, порачаа од промоцијата на тротомникот „Рацин“

Петар Печков

Безмалку четири децении и требаше на Македонија, да издаде  нов  труд посветен на Рацин. Последен пат е тоа случено 1987 година кога е издаден шесттомник. Овој пат, годинава се издава тритомник, по иницијатива на Коста Кипровски и Ана Заковска, приватници, стопанственици, кои целосно финасиски го помогнале издавањето.

Првиот том гиографијата на Рацин е покриена  од Весна Мојсова Чепишевска,  поезијата на Рацин е изработена од Венко Андоновски а есеистиката, научната работа, публицистиката на Рацин е пишувана од  Искра Хаџи Бошкова Тасевска. 

„Се договоривме  да се ангажираат врвни  стручни познавачи на делото на Рацин од Факултетот Блаже Конески, кои ќе работат   врз постојното и да покриеме три области.  Соработувавме прекрасно и резултатот е видлив. Рацин треба да го доживуваме како човек кој создал прва литературна примена на македонскиот литературен јазик. Неговата стихозбирка Бели мугри и другите текстови ги пишува на негов мајчин јазик, на локално велешко наречје,  што влегува во самата срж, во основата на македонскиот стандарден јазик, пред неговата кодификација. Потребен е дополнителен истражувачки проект на МАНУ, за да се доистражат архивските материјали растурени во соседните центри“ – рече Катица Ќулафкова,  промоторот и уредник на тритомното издание „Рацин“. 

Авторите немале многу време да го изработат тритомникот. Тоа што го сработиле го направиле од постојните материјали во архивот на МАНУ,   Велешки музеј и архив, родната куќа  на Рацин.

„Тие  ми помогнаа во исчитувањето на животописот на Рацин. Јас ги користев материјалите на Александар Спасов, Блаже Ристевски, Васил Тоциновски, Горан Калоѓера, Перо Коробар. Ги следев изјавите, размислувања, сеќавања на современиците на Рацин,  мојот текст е минимален во однос на нивните животни прикази.  Имаме  сеќавања на луѓе со кои тој ја делел, бил цимер во сопчиња, Скопје, Белград, Загреб, Сараево, во затворските ќелии. Тие во тоа време биле работнички универзитети, во кој се калел Рацин, но и полемизирал. За да биде изданието популарно, има богат  фонд фотографии, Рацин од најмала  возраст, детство, сведителство, писмата кон Раца, Невека Вуиќ, Лилјана Чаловска“ – кажа Весна Мојсова Чепишевска.  
Автоирите имале издание пред нив од 1987 година,  можност да ги согледаат празнините и што дополнително можат  да дадат. 

„Често го слушам прашањето што е тоа што ние ново сработивме, откривме за Рацин. Не може да се открие нешто многу значајно, ново, бидејќи тој е   елабориран во македонската наука и го има местото кое го заслужува. Се открија некои нешта, кои на некои начин  не биле кажани досега. Прашањето на времето, на политичките околности, на одредени тези кои било подобро во тоа време да се премолчат. Затоа со тимот работев да се пласираат статии од политичката активност на Рацин и повеќето архивски материјали се однесуваат токму на тоа. И ги пласирав на современ македонски јазик, со што трудот доби критички карактер“ -  порача Искра Хаџи Бошкова Тасевска. 

Промоцијата на тритомикот „Рацин“  беше дел од содржините на 62 Рацинови средби.

„Кај бевме 40 години да го направиме ова дело, и тоа не го направи државата туку  беа луѓе  кои се занимаваат со бизнис и се сетија дека  животот и делата на Рацин,  треба да ги собереме во научен труд. Рацин со Белите мугри го кодификуваше јазикот, уште пред ние тоа да го направиме. Тоа е подвиг. Рацин прерано замина на тој свет, наша задача е да го имаме во нашите домашни библиотека, како што ја имаме Библијата и Крпен живот на Стале Попов“ – кажа Венко Андоновски.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати