Наместо во подземните контејнери, некои граѓани сметот го оставаат до нив

Петар Печков

Само три дена откако беа поставени првите подземни контејнери за смет во Велес, се појавија проблеми. Несовесни граѓани наместо во  контејнерите, сметот оставаат до нив. Така бездомните кучиња и мачки  веднаш го расфрлаат по јавните површини.  При празнењето на вреќите од овие контејнери, кои имаат капацитет од три метри кубни, комуналците  констатирале дека се празни.  

Апелираме до граѓаните сметот од домаќинствата да го оставаат во ново поставените подземни контејнери кои се лоцирани на местата каде претходно имаше садови за смет, а не околу  нив - реагираат од велешкото комунално претпријатие ЈКП Дервен.

При тоа тие потсетуваат дека начин на употреба е едноставен, се притиска педалата, автоматски се крева капакот и  граѓанинот го остава сметот во кесата.
Во вторникот на седум локации во централното градско подрачје во Велес, беа поставени седум подземни контејнери. Се најавува дека во наредниот период ќе се постават повеќе на други локации.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати