Петар Печков
Објавено: вторник, 25 ноември 2025
Навремените прегледи се единствениот лек за заштита од т.н. машки болести, кажа урологот д-р Сашо Дохчев, на трибината за машкото здравје одржана во Велес, во организација на здружението Мовембер. Под т.н. „машки болести“ се подразбираат рак на простата, на тестиси и пенис.
„Навреме, навреме, навреме тоа е пораката не само за овој месец, туку преку цела година, која мажите без оглед на возраста треба да ја практикуваат“ – порача д-р Дохчев. Тој 15 години доаѓа и оперира во велешка болница.
За карциномот на простата потенцира дека е често заболувања, на врвот од карциномските машки заболувања, евидентирано по литература кај мажите над 40 годишна возраст, во пракса над 50 години возраст.
„Превентивата е најдобар лек. Во Скандинавските држави има задолжителни прегледи, годишен преглед за целата машка популација за секој поединец, тоа е скапа метода но тие држави можат да си дозволат. Пациентот кој нема да се јави на преглед, а добие карциномско заболување на простата, трошоците за лекување ги плаќа приватно. Последнава година разговаравме со Министерството за здравство, вакви скрининг прегледи да има и во Македонија, имаше ветувања дека ќе се реализира, но до денес се нема ништо случено“ – кажа д-р Дохчев.
Лекувањето за карцином на простата било оперативно преку три методи -класична, лапараскопска, роботика. Пациентите по операцијата на простата, продолжуваат со живот и по десет и повеќе години,.
„Постоперативно се дава хормонална терапија, да се сузбие машкиот хормон тестостерон, кој во младоста е потребен но подоцна прави проблем бидејќи прогресијата на болеста зависи од нивото на тестостеротон и мора да се елиминира доживотно“ – рече д-р Дохчев.
Тој зборуваше и за двата преостанати карциноми, на тестиси и пенис, кои биле далеку поопасни болести.
„Карцином на тестисти се јавува од пубертет до 40 години, и тоа е многу опасно заболување. Карцином на пенис е редок но многу опасен, се јавува кај повозрасната популација над 50 години, се јавува кај лица со фимоза на пенисот и кај дијабетичари. Лекувањето е исклучиво оперативно“ – објасни д-р Дохчев.
Докторот констатираше од ускуство, дека за среќа последните десетина години се менува менталитетот кај мажите, тие доаѓале се почесто и почесто на преглед. Не може да прецизира на што се должи оваа отвореност, дали на ваквите трибини - кампањите за мовембер, но тие давале разултати.
На трибината зборуваше – уролог др- Влатко Ристов од Општа болница Велес, за еректилната дисфункција (импотенција) тема коај се говореше и лани на истата трибина и за машката неплодност стерилитет.
Тринаесет години, преку различни форми, Здружението Момвембер од Велес ја подига свеста за машкото здравје. Неговите членови овој месец пуштаат мусатци. На голема забава сабота вечер ќе се избира и најмустааќ на Велес и мустаќ во обид.
