Моторист од Турција паднал на автопат кај Градско и тешко се повредил

Петар Печков

Сообраќајка на автопатот, во близина на Градско, моторист е тешко повреден по пад од моторот. Инцидентот се случил четвртокот попладне.

„На 7 август  околу 15:10 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Велес-Градско, во близина на излезот кон експресниот пат ГрадскоПрилеп, Г.Ш.С.(28 год)  oд Република Турција, со привремен престој во село Врапчиште, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Ш.С., констатирани во Општа болница Велес. 

„Примен е пациент во текот на вчерашниот ден попладне. ѐИзвршени се потребни снимања, констатирани скрешеници на рака и нога, по што поради специфичната повреда е пренесен на Кличнички во Скопје“ – кажа д-р Ванчо Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница.

На 15 јуни, моторист на 53 годишна возраст од Бугарија падна од моторот на автопатот, пред клучката за Градско,  и се здоби со скршеница на нога. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати