Месецов премиера на претставата „Галеб“ на велешки театар

Петар Печков


Премиера на претставата „Галеб“ и по две претстави на хит комедиите, се дел од репертоарот на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во  месец мај.

Премиерата е на претставата „Галеб“ работена по текст на Антон Чехов а во режија на Александар Ивановски е најавена за крајот на месецов. Вторник 6-ти и четврток и 8-ми мај, на репертоарот е комедијата „Вечера за глупаци“ на Ненад Витанов по текст на Францис Вебер. Со тоа што втората претстава ќе се одигра во Гевгелија, град на културата за 2025 година. Додека на 10 и 20 мај е новата комедија „Госпоѓа министерка“ по текст на Бранислав Нушиќ а во режија на Синиша Ефтимов. Од тековните претстави на 13 мај ќе се прикаже дуо драмата „Паника“ со  Стефан Николовски и Филип Христовски а на 21 мај „Мајка “ на Флоријан Зелер во режија на  Јордан Витанов.

Од театарот дополнуваат дека се можни измени во репертоарот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати