Петар Печков
Објавено: петок, 22 август 2025
Летово во Велес нема зголемен број на деца кои имаат вируси и побарале помош од матичните доктори. Деца доаѓаат како пациенти, но со мали знаци на воспаление на грло, но не и со вируси. Ова лето докторите имале со многу помала фрекфенција интервенции, отколку претходните години. Или велат имавме мирно лето.
„Немавме состојба која е алармантна, ниту за паника. Летово минавме мирно. Редовно дечиња идат, грло ги боли, изеле сладолед, во базени се бањаат. Ова лето минавме со помала фрекфенција. Немаме зголемен број на пациенти од детска возраст“ – кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, матичен доктор.
Во велешка болница, на детското одделение има континуирано голем број на пациенти, деца кои имаат цревни вирусни инфекции, не бактериски, кои брзо се опоравуваат. На одделението деновиве има хоспитализирано четири деца.
„Цревните вирусни инфекции брзо и лесно се лекуваат, децата по 24 часа престој се дома, со правилна исхрана, со инфузија. Четири деца моментално се хоспитализрани, седум –осум прегледи, или мирно е денес“ – рече педијатар д-р Елена Ангеловски началник на детско одделение при велешка болница.
Докторите препорачуваат децат да пијат пијалоци на собна температура, не ладни, да се проветруваат просториите дома и да не седат децата директно на климите.