Ликовниот уметник од Ниш, Катерина Ѓорѓевиќ за прв пат изложува дела во Македонија, има самостојна изложба во Ликовен салон

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на српскиот автор  Катарина Ѓорѓевиќ.  Самостојната изложба е насловена како „Избришан простор“, кој е циклус од 40 цртежи изработени со акрилни маркери на хартија. Таа со 40 дела изложени во Велес одбележува 40 години работа.

„Поставката е како метафора за тишина. Ја следев реката, која преку брановите брза, ита кон морето, тиа кон океанот. Тој се испарува и облаци и дожд, повторно ни се враќа. Тоа е  постојан циклус на кружење, што е метафора на нашиот живот. Како реката така и човекот, не можеме да се враќаме назад, се трудиме да постигнеме повисока цел, возвишен, топол“ – кажа авторката Ѓорѓевиќ.   

Циклусот „Избришан простор“ е одраз на секојдневниот живот, кој се состои од подеми и падови, кој има свој почеток, тек и крај, но е и приказ на тој универзален, вечен живот, кој, како водата, секогаш се обновува и тече.

„Таа е уникатен и интересен автор.Работи техника која е оригинлана и препознатлива за неа, филигранска и естетски многу издржана. Донесе квалитетена изложба и од едукативен и од визуелен аспект“ – рече промоторот Ангел Коруновски, директор на велешки музеј.

Таа е професор на Универзитот во Ниш, каде и живее. Студирала и постдипломските студии ги завршила на Факултетот за ликовна  уметност во Белград. Ова е нејзина прва самостојна изложба во Македонија, учестувала на повеќе групни изложби.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати