Петар Печков
Објавено: петок, 20 февруари 2026
Минатата година, 2025, ОЈО Велес склучило четири предлог спогодби со обвинети за признание на вина а пред поднесување на обвинителен предлог. Сите четири случаи се прифатени од судија на претходна постапка при Основен суд Велес и правосилни. Од ОЈО Велес дополнуваат дека за сите четири случаи предвидената казна затвор е за дела до пет години.
Предлог – спогодбата како институт се користи при постоење на признание за вина, па тогаш правилата на постапката се поедноставени, не се изведуваат докази поврзани за фактичката состојба и постапката е едноставна, брза и ефикасна бидејќи судот треба само да ја изрече санкцијата.
Една од причините за прифаќање на спогодувањето за кривичната санкција е настојувањето да се скрати траењето на кривичната постапка во случаите кога фактичката состојба е неспорна за обете странки, кога обвинителството располага со доволно докази во однос на кривично-правниот настан, при што и без изведување на прибавените докази судијата ќе може да донесе основана, законита и правична пресуда.
