Лани службата за Итна помош со намален број на интервенции и услуги за пациенти во велешко

Петар Печков

Опаѓа бројот на интервенции на екипите на Итната помош од Велес минатата година. Регистрирани се 23.685, што е помалку за две илјади отколку во 2024 година, а во 2023 имале рекордни 31.176.  

Од вкупниот број интервенции во амбуланта биле 17.775  што е за  1.965 помалку од годината претходно,  а во  2023 година  имало 19.648 интервенции. Лани повеќе интеревнции имало во ноќната смена 9.175 а во дневна смена 8600.  На терен имало повеќе дневни интервенции 3.811 а во ноќна 2.437. Тоа е помалку отколку во 2024 година, кога имало 5.945 преку ден и 3.283 во ноќна смена.  За илустрација прегледи на терен во 2023 имало 11.528 од нив преку ден 9.268 а ноќе 2.260.

Минатата година се намалил бројот на услуги од медицинските сестри од Итната помош  од 27.834 во 2024 на 25.293 во 2025 година,  или поголем број на здравствени услуги во амбуланта, повеќе од прегледи на докторите. Од овој број лани  имало 12.239 во денска смена  а во ноќна 12.554, наспроти  претходната година со  14.298 дење а 13.536 ноќе. 

Во 2025 имало 8.808  случаи на домашно лекување а во 2024 имало 8.558.Единстено во оваа здравстена услуга се бележи пораст. 

Во минатата година  службата за Итна помош  на територијата која ја покриваат од Катланово до Стоби, имале 137 интеренции во сообраќајни несреќи, а во нив во четири случаи констатирана е  смрт на лице место, на некој од учесниците во сообраќајката. За илустрација во 2024 година  155 сообраќајки а немало починати.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате и во Македонија да се воведе забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и строга регулација на пристапот за малолетници до 16 години?

  • Да
  • Не
Резултати