Лани заразните болести во Велешко со зголемен број

Петар Печков

Минатата година зголемен е бројот на заразни заболувања во велешко. Најголем број на заразени имало со грип, потоа варичела. Бројките на Центарот за јавно здрвје Велес, кој ги презентираше епидемиологот д-р Бојан Тодорвски пред членовите на Советот на Општина Велес покажуваат дека лани имало вкупно заболени од грип 976 лица, наспорти 749 во 2024 година кога имало и еден починат. 

„Значително поголем број на заразни случаи, што се должи на заболувањето варичела, регистрирано кај децата од предшколска и школска возраст во велешко.  Во 2025 година најголем број капкови заразни заболувања 398  биле од  варичела а споредбено година дена претходно имало  102. Цревни заразни заболувања лани  имало 499  а во 2024 година двојно помалку 271“ – кажа д-р Тодоровски. 

Ланската година во велешко, заедно со опшините Чашка и Грдско, кој ги покрива Центарот за јавно здравје Велес имало 24 случаи на шуга  што е помалку од година дена порано со 32.  Во 2025 имало и три случаи на бруцелоза а во 2024 немало ниту еден регистриран. 

Имало 11 случаи на сексуално преносливата болест хламидија, која може да предизвика стерилитет и четири случаи на ХПВ.  

И додека докторот даваше стручни објаснувања за заразните болести во велешко, членовите на Советот на Општина Велес се интересираа за  состојбата со ХИВ/СИДА. Колку случаи во Велес има, колкумина биле ново заразени, колку досега велешани починале и дали заразените и болни се мажи и жени и како  го стекнале недосатокот на имунитет ХИВ/СИДА.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате и во Македонија да се воведе забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и строга регулација на пристапот за малолетници до 16 години?

  • Да
  • Не
Резултати