Кражба во напуштен објект во Неготино, крадците побегнале, полцијата ги уапсила подоцна, има лица од Градско, Подлес

Петар Печков

Два настани од биленот на СВР Велес за изминатите 24 часа

На 1 октомври  полициски службеници од ОВР Неготино презедоа мерки и активности со цел откривање на сторители на кривично дело, постапувајќи по претходна пријава за „тешка кражба“ во напуштен објект во неготинско. Притоа, во кругот на објектот биле затекнати неколку лица, кои со употреба на алат се обиделе да одземат предмети, а откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство, при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Набргу, на местото и на неколку локации во Неготино, од слобода беа лишени Е.Ф.(31), Б.Ф.(28) и Е.Ф.(32) од село Паликура, росоманско, Ѓ.У.(32), Д.И.(33) и Н.Ц.(38) од Градско и В.В.(31) од село Подлес, Општина Градско. Тие биле задржани во полициска станица, од нив се одземени разни предмети.

На 1 септември во 15:50 часот во СВР Велес, 76-годишен велешанец пријави дека побарал помош од една жена при подигнување пари од банкомат, а откако ги извадиле парите жената не му ги предала и го напуштила местото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати