Коцевски- греење во ОУ Блаже Конески има, од денес започнаа топлите проби на новиот топловоден систем

Петар Печков

Прозваниот градоначалник на Општина Велес, Аце Коцевски, на вчерашниот прес  од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што презема да не премрзнуваат децата учениците во ОУ Блаже Конески, кои посетуваат физичка настава, одговори дека ова се невистини.  

 
Од почетокот на грејната сезона училниците во кои се одвива настава со физичко присуство на учениците, од прво до трето одделение, има греење. Обезбедени се грејни тела кои ги затоплуваат училниците.  Во тек е реконструкцијата на топловодниот систем во училишната зграда, кој е во завршна фаза и е во вредност од 11, 8 милиони  денари со вклучен ДДВ. Од денеска, среда, 28.10.2020 започнуваат топлите проби по ламели.

Со реконструкцијата на топловодниот систем во ООУ „Блаже Конески”  ќе се обезбеди современ систем кој овозможува посебно греење на секоја ламела. Нарачател на проектната документација за реконструкцијата е Општина Велес, а се реализира со средства од Министерството за образование и наука. - соопшти градоначалникот Коцевски.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати