Книгата патува – прекуокеанската далечина не е пречка за другарство без граници, донирани стотина наслови од македонски автори за децата ученици од Мелбурн

Петар Печков

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“  од Велес  обезбeди и испорача детска литература од македонски и велешки автори за децата ученици од училиште во Мелбурн. Книгите се донирани од Клубот и од Градската библиотека „Гоце Делчев“.  Собрани се стотина наслови.

„Се спроведе активност за обезбедување на детска литература од македонски автори, за потребите на наставниците кои работат со дечињата кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Килор Деонс во Мелбурн. Во акцијата ни се приклучија деца со родители и ученици од различни возрасти. Искрено се надеваме дека едукативната детска литература ќе придонесе за полесно изучување на македонскиот јазик и ќе донесе нови познанства и другарства меѓу децата од Велес и децата на нашите иселеници во Мелбурн“ – кажа Coња Гаврилoвa, членка на  Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“  од Велес. 

Акцијата е реализирана во соработка со  библиотека „Гоце Делчев“ до Велес  и литературната асоцијација „Кочо Рацин“ од Мелбурн, Австралија. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати