Кај двајца професионални војници во велешка касарна регистрирана шуга, ја имаше и во 2019-та кај војник доброволец

Петар Печков

Двајца професионални војници  од велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ се зарезени со шуга. Инфомрацијата ја потврдија од АРМ и Министерството за одбрана. Заразените се дел од  296-те нови професионални војници, кои на 16 јануари положија заклетва.

Од страна на стручните лица на  АРМ  и Воено медицинскиот центар (ВМЦ) биле преземени мерки согласно здравствените протоколи  за спречување на евентуално ширењето на заболувањето. Во касарната бил направен  епидемиолошки надзор од страна ВМЦ и се постапувало  согласно препораките на стручните лица.

„Сместувањето на војниците е регулирано согласно Правилото за сместување и ред во Армијата. Пред почетокот на обуката се обезбедени соодветни услови за сместување, престој и работа, во согласност со Армиските стандарди. Пред сместувањето на персоналот извршена е комплетна дезинфекција на просториите, а на користење се дадени чисти и испрани постелнини и ќебиња. Капењето на војниците е организирано и се спроведува плански и во соодветни услови“ -  пишува во заедничкото соопштение на Министерството за одбрана и АРМ. 

Потсетуваат дека во велешката  касарна „Алексо Демниевски Бауман“ досега е реализиран прием и сместување на повеќе класи на новопримени професионални војници, со бројка поголема од  актуелните 300 лица, како и најголемата ситуациска вежба „SEVEN STARS 2025”, со учество на над 150 национални и странски претставници. Во ниту еден од овие  случаи и покрај големиот број на ангажирани лица, не била евидентирана појава на шуга. 

Шугата претставува инфективно, паразитарно заболување со карактеристични кожни промени и силно изразен јадеж.  Периодот на инкубација на заразната болест шуга, според Институтот за јавно здравје е четири  седмици. Сите 296 професионални војници по положената заклетва на 16 јануари заминаа дома на продолжен викенд до 19  јануари.  И овој викенд сите 294 професионални  војници се на викенд дома. Дел од нив се во Штипската касарна, но и тие се викендов дома. Двете заразени лица со шуга  се на домашна нега.

Шуга во велешката касарна се јави и во ноември 2019 година. Тогаш од Министерството за одбрана соопштија дека имало еден случај, војник кој дошол доброволно да служи воен рок и шугата не потекнувала од касарната, ја донел од дома. 

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во текот на 2024 година регистрирани се 493 заболени лица, a во претходната 2023 година 337 заболени. Во периодот  од десет години 2014-2024 година, најголем број заболени 527  регистрирани биле во  2015 година, а најмал број во 2021 година 151 лице.

фото архива ТрМр

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати