Карате Кид-легенди со Џеки Чен и првиот јунак Ралф Макио премиерно во Киноверзум

Петар Печков

Три филма се на репертоарот на Киноверзум во Велес, наредните седум дена. Премиера е „Карате кид –легенди“ со Џеки Чен и Ралф Макио првиот јунак од Карате кид 1984 година.  Даниел пристигнува во Пекинг, каде што  Хан го бараше. Хан има нов штитеник, Ли Фонг. Двајцата ментори мора да соработуваат за да го поучат Ли Фонг, но останува да се види дали нивните наставни пристапи ќе бидат компатибилни.  

Се прикажува и анимираниот филм Лило и Стич, од студиото на Дизни. Филмот во првиот викенд беше најгледан и го победи извиканиот Невозможна  мисија-финална со Том Круз. Кога Лило, осамено девојче на Хаваи, гледа ѕвезда што паѓа, таа посакува најдобра пријателка. Сепак, нејзината желба се остварува на сосема неочекуван начин - Стич, непослушен син вонземјанин познат како Експеримент 626, слетува на Земјата откако избегал од галактичко заробеништво. Како што Лило и Стич се зближуваат преку низа урнебесни и емотивни ситуации, заканите од вселената се приближуваат сè повеќе. Непредвидливата природа на Стич води до урнебесни и хаотични авантури, додека Лило открива што значи да имаш вистинско семејство - она што го избираме, а не само она во кое сме родени.   

Трет на репертоарот е исто така филмот од врвот на гледаноста во светот. Се прикажува  хоророт „Последна дестинација, наследства“. Мачена од постојан насилен кошмар, една студентка се враќа дома за да ја пронајде единствената личност што може да го прекине циклусот и да го спаси своето семејство од ужасната судбина што неизбежно.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати