Каква Питијада му треба на Велес

Петар Печков

Угостителите од градот и градоначалникот на Велес, денес на состанок за годинашнава Питијада.  Тема  каква манифестации треба да има. Коцевски најави дека  наместо Питијада ќе има Денови на велешката пастрмалија и вино, која ќе се одржи во рамките на одбележувањето на Денот на Општината 9-ти ноември, на локација, не каде изминатите неколку години се одржуваше - крстосницата пред Панини. 

Манифестација ќе се одржи во било која форма,  а местото и понудата ќе ја договараме. Организатор би требало да бидат угостителите, оти тие имаат и најмногу корист од одржувањето. Но и да го задржиме нивното, без турбо фолк ѕвезди - рече Коцевски.    

Угостителите кои беа присутни сметаа дека најдобра локација е каде таа се одржуваше досега, на улицата Благој Ѓорев, а како алтернатива беа понудени паркингот пред Топилница, паркингот пред Судот и просторот зад Гимназијата. Просторот пред Топилницата беше исклучен поради немање на можност да е доведе струја и вода.

Терминот за угостителите 9-ти ноември е доцна, оти според нивните искуства кога пред 7-8 години се одржуваше во тој период, морале да си заминуваат уште во 20ч. поради студот.

Марко Колев директор на Вардарскиот Плански регион, кој имаше активно учество во организацијата на манифестацијата изминати 8 години го сподели искуството.

Големите производители на вино, пиво го избегнуваат спонзорирањето на велешката Питијада. Тоа се одразува во затворањето на финансиската конструкција, да се најадат големи ѕвезди пејачи кои ќе ги привлечат гостите. Проблем е и простор бидејќи во Велес нема соодветна локација каде да се одржи манифестацијата а да не се ремети секојдневниот живот - рече Колев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати