Петар Печков
Објавено: вторник, 02 септември 2025
Ноќеска по полноќ, на улиците во Неготино, кавадарчанец управувал возило пијан. Полицијата го упасила. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 2 септември во 00:35 часот на улица „Христо Ботев“’ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.С.(29 год) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.67 промили алкохол во крвта“ – соошти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Возачот бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
фото интернет