Петар Печков
Објавено: среда, 10 септември 2025
Утрово од 9 до 13ч. повторно проблем со системот „Мој термин“. Истиот мошне слабо фукнционирал, тешко се доаѓало до термин и во јавното и во приватното здравство.
„После 9ч. се јави кочење во работата. За креирање еден упат, рецепта се чекаше до пет минути. Работата е успорена“ – кажа д-р Лили Чолакова Дервишова претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија.
Уште потежок бил проблемот во јавните секундарни здравстени установи, болниците. Таму тој скоро и да не функционирал. Имало многу жолчни расправи со нездоволните пациенти, кои лутината ја истуриле врз медицинските сестри и докторите. Директорот на системот „Мој термин“ потврдува дека проблеми имало.
„Кај приватното здравсто скоро и да немаше проблеми. Тие беа во јавното и тоа во перидот од 10 до 12ч кога системот работеше успорено. Пациентите немале трпение да почекаат некоја минута повеќе. Вршевме скенирање каде е проблемот со стручни лица. И покрај се до 13ч. имавме 124 илјади пишани рецепти и 80 илјади упати. Очигледно дека системот го надминал неговото време за користење, имаме зголемен број на пациенти. При неодамнешата средба со министерот за здравство, тој вети дека ќе се добиеме нова дата база“ – кажа Фатмир Дурмиши, директор на „Мој термин“.
Тој посочи случај од Тетово, каде пациент морал да биде сниман, но бидејќи „мој термин“ не функционирал, или како што директорот Дурмиши работел успорено, на лицето кое немалчо упат му било наплатно на приватно, иако тој бил осигуреник.
„Мораме да имаме разбирање за пациентите, и во вакви случаи да наоѓаме решенија. Бидејќи лицето не по своја вина не можел да добие упат за снимање“ – рече Дурмиши.