Петар Печков
Објавено: среда, 02 јули 2025
Велешката полиција, активно се вклучи во контролата на забраната за движее по шумите. Нивните патроли веќе од вечра, првиот ден, биле на терен.
„Полициски службеници од СВР Велес, преку засилени патроли ќе ги покриваат реоните на шумските предели на територија на СВР Велес, односно подрачјето на Велес, Чашка и Градско. На подрачјето на општина Чашка, на терен ќе бидат реализирани заеднички патроли на СВР Велес и ЈП Национални шуми-подружница шумско стопанство „Бабуна“ - Велес. Патролите, почнувајќи од 1 јули , ќе бидат присутни на терен со цел, вршење на засилени контроли во однос на целосната забрана за движење во шуми и спречување на појава на пожари“ – соопшти Биљана Ѓаковска.
Движењето ќе дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми” за подрачјето со кое стопанисуваат управуваат. За велешко тоа е ШС Бабуна.
Контролата на забраната ја спроведуваат и вработените од ЈП „Национални шуми” кои вршат дејност заштита, Шумска полиција и ржавниот инспекторат за шумарство и ловство.