Исидор Јовановски доби награда за најдобар актер на фестивалот во Смедерево, за улогата на Тригорин во претставата „Галеб“ (фото)

Петар Печков

Актерот на велешки театар , Исидор Јовановски, ја доби наградата  за најдобра машка улога, за Тригорин, во претставата „Галеб“ од Чехов во режија на Александар Ивановски.

Ова признание го доби на  12 издание на меѓународниот театарски фестивал „Театар во тврдината“ кој измината седмица се одржа во Смедерево, Србија. На фестивалот настапија театри од Унгарија, Бугарија, Хрватска, Грција, Србија и Македонија. 

За фестивалските награди одлучувало  стручното жири- Исидора Миниќ, драмска уметник, д-р Зоран Максимовиќ, театролог, и претседател на жирито Горан Ибрајтер, писател и извршен директор на „Стеријино позорје“ од Нови Сад. 

За најдобра претстава е избрана „Духот е наша татковина“  на Сpпскиот театар од Унгарија, работена по текст на Данило Киш. За најдобра актерка е прогласена Јелена Вукиќевиќ за улогата на Теодора, од претставата „Мајка“ на театарот од Крушевац. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати