Илјада бесплатни ручеци хуманитарно поделени за Велигден

Петар Печков

Илјада оброци, празнично и хуманитарно  беа поделени во Велес, денес понеделник. Поводот е Велигден а празничниот ручек го обезбедија Гостилница Боем заедно со здружението "Нула гладни во Велес“ и донации од граѓани и фирми.  Годинава таа се одржува шестта по ред.

„Ова е најголема годинашна акција од  сите кои се организираат во текот на годината.  Илјада оброци  се за социјално загрозени лица од било која вера и категорија на граѓани. За секој верски празник секој еден заслужува топол свечен оброк“ – соопштија од Гостилница Боем.

Таа се одржа со помош на младите волонтери од Општинската организација на Црвениот крст од Велес. На понудата имаше две менија па секој моижеше да избира,  ручек со салата, лепче и сок.

Вакви хуманитарни настани, со поделба на бесплатен ручек, гостилницата  организира и за Божик, Чист понеделник и за Св. Никола.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати