Изненадување во Градско, ФК Локомотива поразена дома

Петар Печков


Се одигра 17-тото коло од Третата фудбалска лига Југ. Изненадувачки е поразот на аспирантот за првото место, екипата на ФК Локомотива од Градско дома со 1:2 од ФК Дојранско езеро, која е осмопласирана. Загуби и ФК Превалец на гостувањето во кавадаречка Марена, од истоимената екипа со  3:1 а домаќините се деветто пласирани. Затоа пак   ФК Илинден од Башино село одигра нерешено дома, 1:1 со 12-то пласирана екипа на ФК Динамо од прилепско Мажучиште.

По ова коло останува недорамнет пласманот и бодовната разлика во борбата за врвот, бидејќи и лидерот ФК Ново Црнилиште загуби на гостувањето во Големо Коњари од истоимената екипа  а  ФК Локомотива пропушти шанса да избие ан врвот. Останува  е втора со 35 бода,два помалку од прво пласираниот, ФК Превалец е четврти со 21 бод а ФК  Илинден  е последен 15 со пет бодови.  

Во следното коло, в недела ФК Локомотива гостува во Удово на екипата на ФК Младост која е единаесетта со  15 бода, а во Превалец се игра локалното дери    ФК Превалец  - ФК Илинден БС.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати