Изложба на плакати на Чешкиот уметник Мешек во Ликовен салон (фото)

Петар Печков

Дела на Чешкиот ликовен уметник Онджеј Мишек се изложени   во Ликовниот салон во  Велес, изложбата е насловена „Насликај го својот живот“. Изложени се  двесетина  плакати голем формат, работени акрил на платно, репродукции, со кои изложбата е поделена на два дела, првиот дел со дела создадени во Варшава а втората дела создадени во Банког Тајланд, каде живеел од 2009 до 2016 година.  Форматот на сите плакати е идентичен.  

„Моите дела се рефлексија на мојот живот, на тоа што ми се случувало. Првиот дел е од студиите во Варшава, кога градот, државата преминаа од комунизмот во капитализам, времето на трансизијата. Вториот е мојот престој во Тајланд, кога работев во тамошна Академија како професор, а откако ја загубив работата, по затворањето на школата, бев ангажиран  како менаџер во артистик  бар“ – кажа Мишек. Тој сега е слободен уметник  во Прага.

Изложбата е  во организација на ЛУ Народен музеј Велес и досега нетипична од сите претходни, тоа што велешани можеле да го видат. Мишек студирал графички дизајн на Академијата за ликовни уметности во Варшава и истовремено активно се посветил на сликањето.  Промотор на изложбата беше  ликовниот уметник Лазе Трипков од Скопје, кој студирал заедно со авторот Мишек во Варшава, а имаат и организирано повеќе културни настани во Македонија, регионот и пошироко.

„Со авторот не поврзува и колегијалност  и другарство  од студенските денови, но и лична соработка во подоцежните години. Во Македонија ни недостигаат моменти на заедништво, кои ни даваат надеж дека можеме. Изложбата преставува еден личен, авторски, ликовен дневник, за што и сведочи видео проекцијата од процесот на создавање на делата со еден краткометражен Арт филм. Стилот на Мишек е уникатно, современо, фигуративно сликарство поврзано со моќна типографија, која влече корени од неговите студии по графички дизајн и дизајн на плакати“ – рече Трпков.

Изложбата е овозможена со помош на Чешката амбасада во Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати