Изложба на Филип Фидановски на оживеани скици и цртежи на Пикасо во 3Д форма (фото)

Петар Печков

Ликовниот уметник Филип Фидановски ги оживеа десетина делата, скици и цртежи на Пабло Пикасо, во 3Д димензија.  Со нив се претставува во Ликовниот салон во Велес, на изложбата насловена „Пикасо, можеби јас 2“. И двете изложби се во  керамика.

„Оваа изложба е поразлична од претходната. Првата беше женски портрети, од синтетичкиот кубизам на Пикасо, 2016 година. Сега работев по скици, кои се малку познати во јавноста, како негови дела. Таа е плод на мојот престој во Шпанија и Франција 2018 година и истражувањата кои ги реализирав“ – кажа авторот Фидановски.

Тој најавив дека работи на изложба Пикасо 3.  Изложбата е реализирана со помош на Шпанската амбасада во Скопје. 

„Делата на Фидановски ни дозволуваат да го повториме Пикасо, и да  дадеме ново читање. Тие секогаш даваат нешто ново, македонско читање  во опусот на шпанскиот автор Пикасо“- порача Рафаел Сориано, амбасдор на Кралството Шпанија во Скопје. 

Сите дела имаат легенди и фотографија од која авторот бил инспириран да создаде 3Д керамика. 

„Оваа изложба не е само инспирација, туку лична  реинтерпретација на Пикасо. Има два типа кубизам, аналитички кој ја разградува формата и синтетички во кој се гради формата. Филип покажува дека постои тридимензионалан фирма Сите претставени дела потекнуваат од дводимензионални цртежи или слики на Пикасо“ – рече Кирил Пенушливски, куратор на изложбата, истричар на уметност. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати