Здружението на слепи лица од Велес, издаде две нови книги со Брајово писмо

Петар Печков

Здружението на слепи лица на Општина Велес на почетокот од годинава, отпечати две нови книги на Брајово писмо. Тие се наменети за лицата со попреченост во видот.

Издадени се „Еден незаборавен Божик“ од Лиса Клејпас и „Галебот Џонатан Ливингстон“ од Ричард Бах.  Нивното печатење финансиски го помогна Општина Велес, а беа издадени по повод Меѓународниот ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид.Досега  Здружението имаат издадено 60 книги на Брајово писмо. 

Примероци од новите изданија,  беа предадени на  Брајовото катче на градската библиотека „Гоце Делчев“ од  Велес. Така тие имаат 65 наслови на книги со Брајово писмо, лектири, белетристика, дела од македоснки автори како и 14 аудио книги издадени на ЦД.  Меѓу другите го имаат и Светото писмо евангиле според Лука.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати