Зградата на велешки театар протекува а седум години без технички прием

Петар Печков

Повторно прокиснува во зградата на велешки театар. Протекува во фоајето како и во помошните простории. Дождовите кои изминатиот период паднаа, придонесоа водата да протече во внатрешноста на новата театарска зграда.  Слично беше во мај месец 2018-тата година.  В.Д. директорот на оваа културна институција  Сашо Димоски ја потврди ваквата состојба и  кажа дека преземаат мерки за санирање.

„Известено е надлежното Министерство за култура. Претходно кога протекувало, преземени биле одредени мерки, поради тоа сега е стеснет просторот каде се случува  и не е драматично.   Се работи на санирање на оштетувањата“ - кажа Димоски. 

На прашањето дали во меѓувреме  е извршен технички прием на велешки театар, за што реагираше уште во летото 2018-та, Државниот завод за ревизија,  Димоски кратко одговор дека „се уште не“.

„Користење на објектите без технички преглед не е во согласност со одредбите од  член 87 од Законот за градење каде  е утврдено дека градбата ќе се стави во употреба по извештајот од технички инженери, за да не се изложат на безбедносен ризик субјектите кои го користат објектот“, пишува Ревизорот во  извештајот од 2018-та.

Новата театарска зграда  во Велес  започна да се гради во 2008-та, се отвори два пати  во 2014- на 26-ти јуни кога се изврши примопредавање   и на 20-ти декември 2014-та кога се одигра и првата претстава.

Театарот има две сали, големата е со капацитет од 370 седишта додека малата од 120. Првата претстава која се изведе на сцената од новиот театар   беше „Најважната работа на светот“ работена по текст на Братислав Димитров а во режија на Љубиша Георгиевски. Таа се одигра само три пати.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати