За два часа хуманитарен настан, собрани 24 комплети училиштен прибор

Петар Печков

Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес, понеделникот попладне, на првиот училиштен ден организираа хумантирана акција, за собирање училиштен прибор.  На 1-ви септември спроти Гимназија се постави штанд за донации на училишен прибор.

„За два часа се собраа досега најголема количина на прибор. Од утрово волонтери вршеа селекција и групирање, по што се утврди дека има 24 целосни комплети на училишен прибор.  Во еден комплет има еден ранец, десет  тетратки, четири блока, комплет фломастери, комплет дрвени бои и темперни бои, како и чЧетки, моливи, пенкала, острилки за моливи и гуми за бришење, линијари. 24 комплети ќе се поделат во семејства со ниски примања каде има ученици во основни или средни училишта во градот“ – соопшти Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.

Од организацијата изразуваат голема благодарност до сите граѓани кои донираа ,а посебно до Мото клубот „Носачи на крстот“ кои ја поддржаа акцијата и донираа голем дел од училишниот прибор. 

Поделбата ќе се изврши  наредните денови.

фото ФБ ОО Црвен крст Велес

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати