За Светскиот ден на извидништвото, крводарителска акција на велешките извидници

Петар Печков

По повод Светскиот ден на извидништвото денеска, недела,  по четврти пат се одржа традиционалната крводарителска акција. 

„На акцијата се даруваа 45 крвни единици. Петмина од дарителите даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата“ – соопшти Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.
 
Најмасовна досега беше ланската со 68 дарувани крвни единици, првите две имаа по 46. 

Организиратори беа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Извидничкиот одред "Димитар Влахов". Се одржа во зградата на велешки театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати