Зачестија случаите на возење во пијана состојба во Тиквешијата

Петар Печков

Зачестија случаите на возење пијани, на возачи во Тиквешијата.  Во саботата нов случај, при тоа возачот излетал од патот. Деталтие од информацијата од СВР Велес.

„На 7 септември во 16:30 часот на регионалниот пат Кавадарци-село Возарци, кај место викано „Рамниште“, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.А.(65 год) од село Дреново, кавадаречко, кој околу 15:20 часот управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати