Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 јуни 2025
Претпладнево во чест на Рацин, се засадија млади садници во дворот од Гимназијата, кога го носи неговото име, Кочо Рацин. Настанот беше насловен „Слободарски фиданки“, опфати засадување на десет млади садници, од видот туја.
„Во рамки на програмата за 62. Рацинови средби засадивме садници како симбол на слободата и животот кој извира од секој Рацинов стих“ - соопштија од организациониот одбор на манифестацијата.
Во засадувањето учествуваа градоналникот Марко Колев, од неговиот кабинет и вработени од градската библиотека. Други немаше и покрај бројните покани за учество.