Започна третата фаза од реконструкцијата на магистралниот пат Велес – Штип

Петар Печков

Започна реконструкцијата на делницата   од  Лозово до Кадрифаково, што е трета фаза од проектот за санација на  магистралниот  пат Велес – Штип. Тој  е во должина од  без малку 11 км. се зголемува неговата  широчина од 6,5 на 11 метри а градежните работи, кој ги  изведува ГП Гранит, треба да завршат во период од 18 месеци.

Започна изградбата на  третата делница  до Кадрифаково, од патот Велес, Штип. Оваа делница има неколку црни точки, кои целосно ќе бидат отстранети а возилата ќе можат да се движат до 100 км/ч наместо сегашните 40. Овој магистрален пат е многу значаен за  Источниот регион. Првата делница е завршена. На втората делница до Лозово завршени се земјените работи, започна да се става прв слој асфалт. Доколку времето послужи, септември до година  треба да се заврши. Третата фаза треба да заврши до крајот на наредната година најавува изведувачот  – изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. 

Инвестиција  за третата фаза е 7,5 милиони евра, средства обезбедени со заем од ЕБОР а за целата делница на  релацијата Велес – Кадрифаково е 15 милиони евра.  Министерот им се извини на патниците кои се возат на  оваа релација, за чекањата кои се случуваат поради изведбените работи. Директорот на ЈП државни патишта, Љупчо Георгиевски се пофали дека во моментов во Македонија се градат патишта во должина од 55 км. инвестиција вредна 30 милиони евра.

Од 2010 кога започнавме со рехабилитација на локалните патишта, досега во Македонија се завршени повеќе од 680 км ,инвестиција од 55 милиони евра – рече Георгиевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати