Петар Печков
Објавено: среда, 10 септември 2025
Вторникот попладне во кавадаречко село е уапсена жителка, под сомнение дека го предизвикала пожарот, кој зафатил дел од сопственото и соседското лозје.
„На 9 септември во 16:45 часот во село Кошани, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци, ја лишиле од слобода В.В.(34 год) од село Бегниште, кавадаречко, поради сомнение дека околу 14 часот на својата нива кај место викано „Рамна“ на локален пат село Бегниште - село Кошани запалила стари предмети. Пожарот се проширил и зафатил родни дрва нејзина сопственост и три лозови насади, сопственост на М.Т.(41 год) и З.П.(45 год), двајцата од село Бегниште и К.Т.(74 год) од Кавадарци“ – информриа Биљана Ѓаковска, портапрол ан СВР Велес.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик - „предизвикување општа опасност“.
фото ФБ ТППЕ Кавадарци