Забрана за риболов во водниот ревир на ЗСР Бабуна, трае еден месец, контролира и полицијата

Петар Печков

Од денес  15 април, стапи  на сила целосна забрана за риболов во ревирот на Здружението на спортски риболовци Бабуна од Велес.  Таа  ке важи до 15 мај и се однесува за костреж, скобуст, попадика, црвеноперка, писа, клен, бела мрена, црна мрена. Забраната за сом и крап ќе важи подолго до 31 мај.

Забраната се однесува за реките Вардар од влив на Пчиња до влив на Црна река, Црна Река  - од тиквешка брана до влив на Вардар,  цело течение на река Бабуна,  цело течение на река Тополка, влив на река Брегалница, како и за  сите останати притоки на Вардар од Пчиња до Црна.

„3абраната е поради мрестот на рибата во овој период. Се договоривме во овој период кога одиме на контрола на терен да биде со придружба на полиција, заеднички со нашите рибочувари“- кажа Даниел Наумовски, претседател на ЗСР Бабуна Велес. Друштвото е концесионер на рибниот фонд во водите во Велешко. Од лани летото поради неквалитетот –загаденоста на водата на езеро Младост, таму е забранет риболовот, но и полевање на околните лозја.

Во летото 2019 година, кога истече концесијата на ЗСР Бабуна за рибниот фонд за езеро Младост, полицијата неколку месеци го контролираше уловот од можните рибокрадци кои ловат со мрежи.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати