Жито Лукс со донација за Светскиот ден на лебот

Петар Печков

По повод Светскиот ден на лебот, Жито Лукс и оваа година ја продолжува традиционалната хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија. Во периодот од 14 до 20 октомври, компанијата  донира вкупно 8.000 лебови за граѓаните и семејствата на кои поддршката им е најпотребна.

За подрачјето на Велес, пет дена по 100 векни леб, кои се донираа на социјално ранливите категории. Целта е да придонесе во обезбедувањето на нивните секојдневни оброци.

Иницијативата традиционално се реализира по повод Светскиот ден на лебот, кој се одбележува на 16 октомври и потсетува на значењето на една од основните прехранбени намирници, но и на фактот дека за многу луѓе обезбедувањето на основни производи сè уште претставува секојдневен предизвик.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати