Жител на Градско лажно пријавил дека има насад за што аплицирал за добивање земјоделско земјиште, но и узурпирал државно земјоделско земјиште

Петар Печков

Жител на населба Градско е осуден  парично за две кривични дела,  Фалсификување на исправа и Узурпација на  недвижности. Во Основен суд Велес е прогласен за виновен и изречена му е единствена казна, парична во висина од 60 евра, во денарска противредност.

Првото кривично дело го сторил на 27 јануари лани, дал лажна изјава заведена кај нотар со која изјавил дека е сопственик на  долгогодишен насад кој е подигнат од негова страна, иако знаел дека нема  подигнато и дека не е сопственик на подигнат долгогодишен насад па така  дадената лажна изјава ја употребил како вистинска при аплицирање на јавниот повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост пред  Министерствотото за земјоделие.  

Второто кривично дело го сторил во временскиот период од месец декември 2024 година до јуни 2025  година со намера за владение зазел земјоделско земјиште сопственост на  оштетената Република Северна Македонија, односно ниви  ги  изорал и на дел од нив од околу 12.000 метри квадратни ги посеал со житни  култури.  

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати