Елена Митушева е Вешта жена на Велес за 2025 (фото)

Петар Печков

Елена Митушева  е Вешта жена за Велес за 2025 година. Манифестацијата  која се одржува традиционално, со години наназад, е во организација на Вешта жена и  Организацијата на жени Велес.

Митушева  ќе го претставува Велес на завршната  манифестација за Вешта жена на Македонија, која ќе се одржи во месец мај.

На годинашниот настан учествуваа три жени кои подготвија предјадење,  главно јадење,  десерт, но се оценуваше и поставеноста и декорацијата на масата,  икебана,  а жирито заедно со присутните гости   ја избра за најуспешна Митушева.

Еден од спонзорите на манифестацијата е велешки „Кристал 1923“.

Награда за Гран при доби Весна Андова.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати