Една премиера и едно гостување на репертоарот на велешки театар во март

Петар Печков

Претставата „Госпоѓа министерка“ премиерно ќе биде изведена на 27 март,  Светскиот ден на театарот, четврток а следниот ден е и првата реприза. Со оваа претстава ќе биде отворен годинашниот фестивал „5ре“, кога ќе биде врачена и наградата за животно дело Петре Прличко.

Kомедијата „КРАЛ ИБИ“ во изведба на студентите од факултетот за драмски уметности,  е на репертоар во вторник, 4 март. Toa e испитна претстава на студентите на одделот Драмски актери, 3-та година на студии на Факултет за драмски уметности – Скопје.

Хит комедијата „Вечера за глупаци“  е двапати на репертоарот на 6 и 18 март. Исто толку пати, двад пати на сцената ќе биде одиграна претставата „Мајка“  на 7-ми и 20  март а дуо драмата „Паника“ ќе се изведе на 15 март.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:

Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати