Еден милион денари Општина Чашка издвои за таблети, за учениците кои не можат да следат онлајн настава

Петар Печков


Советот на Општина Чашка, оддели еден милион денари средства, со кои ќе се набават таблети, за учениците кои не можат да следат онлајн настава. 

По доставената информација од страна на централните општински училишта за бројот на ученици кои потекнуваат од семејства со социјален ризик, а немаат можност да следат онлајн настава, на својата 46-та седница донесе одлука еден милион  денари од општинскиот буџет да бидат употребени за набавка на таблети.

Истите  кои ќе им бидат доделени на ООУ ,,Лирија" и ООУ ,,Тодор Јанев", наменети за ученици од социјално ранливи семејства.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати