Евгениј Поп Ацев по четврти пат победник на 10 км далечинско пливање на езеро Младост

Петар Печков

Со време од 2ч. 10 мин и 42 сек. македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев победи на шестото издание на Велешкиот пливачки маратон. Во конкуренција на уште еден пливач Поп Ацев беше побрз на патеката од 10 км. која е олимписка дисциплина.  Вториот учесник на оваа делница, беше Александар Илиевски кој ја исплива  за 2:11.50. Тие беа во конкуренција  за Македонскиот куп во далечинско пливање.  За потсетување Поп Ацев е победник на Светската серија на ФИНА во далечинско пливање. Тој од шест одржани трки на 10 км. четири пати победува додека два пати победник беше вчера второпласираниот  Александар Илиевски од Скопје. 

На езеро Младост, во рамките на пливачкиот маратон се одржаа уште две трки, на 2,5 км  и 5 км.  На трката од пет километри победник е Андреј Стојановски од ПК „Нептун“, а во женска конкуренција најдобра беше Јана Костадиновска (ПК „Младост“).

На трката од 2.5 км доминираа членовите на ПК „Нептун“, кај мажите првото место го освои Борјан Давковски, кај жените Калина Стојановска, додека Дарко Поп Ацев беше најдобар во трката за аматери на 2.5 км.

Годинава за прв пат  маратонот  имаше меѓународен карактер, бидејќи освен пливачи од  Македонија, учествуваа и  седуммина од странство,  од Турција, Косово и Бугарија.

Организатори на пливачкиот маратон се членовите на Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“, заедно со КК ,,Бабуна,, и со финансиска поддршка на Општина Велес. Зад техничката организација стои професионалниот тим на Националната пливачка федерација на Македонија.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати