Доделени парични награди за учениците и нивните ментори кои освоиле награди на државни и меѓународни натпревари (фото)

Петар Печков

Локалната власт финансиски ги награди  наградените ученици од средно и основно образование, кои освоиле прво, втор или трето место на државни или меѓународни натпревари. Беа наградени и нивните ментори. За прво место учениците ќе добијат по пет илјади денари, за второ место, четири илјади и за трето место три илјади денари. Се однесува за натпревари одржани во текот на училиштната 2024/25 година. 

„На денешната манифестација одржана во рамки на чествувањето на 9-ти  Ноември им оддадовме признание на 123 ученици и 44 ментори од основните училишта и на 44 ученици и 22 ментори од средните училишта во Општината кои во учебната 2024/25 година постигнале успех на државен, меѓународен или олимписки натпревар.  Признанијата кои ги воведовме минатата година вродија со плод - бројката на наградени оваа година е значително зголемена. Посакувам нивната мотивираност да расте и во иднина и храбро да продолжат по патот на успехот, а Општина Велес ќе биде тука и понатаму да го препознае и вреднува нивниот труд“ – кажа градоначалникот Марко Колев.

Лани награди добија 106 ученици и 58 ментори. Годинава за оваа намена од општинскиот буџет се издвоени повеќе од еден милион денари.   Доколку ученикот имал повеќе пласмани меѓу првите три, добива една награда и тоа за  најдоброто, највисокото освоено место.

Најмногу признанија кај средните училишта доби Гимназијата 21 ученик и 11 ментори професори, а Коле Неделковски 17/5. Кај основните училишта  најмногу признанија за ОУ Блаже Конески со 36 ученици и 15 ментори –наставници, па ОУ Васил Главинов со 22/11. Признанија добија и учениците од Основното музичко училиште Стефан Гајдов и хорот Св. Кирил и Методиј. 

Поради големиот број на наградени, свеченоста се одвиваше во два настани, за основно и за средно. Или ова ќе биде обврска догодија настанот да се органзира на друго место,можеби во театар со присуство на родителите.  

фото: ФБ Општина Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати