Децата од школска возраст од велешко со највисок опфат во Македонија по вакцинација со ХПВ

Петар Печков

ХПВ вакцината со висок опфат во Велешко со 97 % со кој процент  пошироката општина, Велес, Чашка, Градско,  е на самиот врв во Македонија.  Од минатата година со вакцинацијата на децата од школска возраст на 12 години, вклучени се и машките деца. Во овој период во амбулантата на школска вакцина, се врши вакцинирање на новата генерација деца, родени 2014 година. Се дава во две дози, втората по шест месеци. 

ХПВ е хуман папилома вирус, од фамилијата вируси кои может да ја инфицираат кожата и слузокожата.

Постојат повеќе видови на ХПВ кои можат да ги инфицираат внатрешните и надворешни гениталии, аналната регија, регијата на усната шуплина и ждрелото, како и одредени делови на кожата кај машките и женските.

Некои типови на ХП вирус се категоризираат како високоризични и можат да бидат причина за настанување на одредени видови на рак, од кои најчест е ракот на матката ракот на вагината, ракот на валвулата, рак за завршен дел на дебелото црево, рак на пенисот.  

ХПВ се шири преку интимен контакт кожа со кожа односно слузокожа. ХПВ инфекцијата може да се добие по пат на вагинален, анален, орален секс со лице кое има вирус, иако тоа нема знаци и симптоми.

Инфекцијата со ХПВ може да се случи уште при првиот сексуален односот, кој според статистиките се симнува на возраст од 14-15 години.  Заради тоа е важно на време да се размислува за превенција. Тоа се спроведува со вакцинација а ХПВ вакцината која се користи во Македонија штити од девет типови ХПВ.  Таа е наменета за девојчињата и момчињата пред почетокот на сексуалниот живот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате и во Македонија да се воведе забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и строга регулација на пристапот за малолетници до 16 години?

  • Да
  • Не
Резултати