Две сообраќајки со двајца тешко повредени возачи

Петар Печков

Две сообраќајки после празничко и две лица, возачи се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници. Повеќе од информацијата на велешатка полиција и велешка болница.

„На 12 октомври во СВР Велес е пријавено дека околу 21:20 часот на улица „Ганчо Хаџи Панзов“ во Велес, О.Е.(58 год) од Велес, управувајќи мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка ан СВР Велес. 

При падот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.

„Кај О.Е констатирана е скршеница на десниот рачен зглоб, направена репозиција и имобилизација и пуштен на домашно лекување“ – информира Анамарија Џунџева портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.

„На 12 октомври во 09:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопат Велес-Скопје, во близина на наплатна станица „Отовица“, патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(59) од Чашка, удрило во заштитна ограда и се превртело на коловозот“– рече   Милевска Ѓеоргиева  

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.Ј. констатирани во Општа болница Велес. 

„З.Ј е донесен како повреден во соовраќајна незгода, свесен, со болки во главата и вратот, направени КТ иследувања и констатирани скршеници на вратни пршлени, соодветно е имобилизиран и упатен во ургентен клинички центар за понатамошен третман“ – дополни д-р Џунџева. 

фото ТрМр архива

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати