Два парични казни од по 1.500 евра платил возач од Србија кој на патување и враќање од Грција, возел со далеку поголема брзина од дозволената

Петар Печков

Српскиот државјанин Д. П. (34 год) доби две  парични казни  од по 1.500 евра за кривичното дело   „безобѕирно управување со моторно возило“, информираа од ОЈО Кавадарци. Тој е осуден во Основен суд Неготино, откако во саботата вечер беше уапсен на границата со Србија. Лицето додека патувало и се враќало од одмор од Грција, во два наврти возел близу Демир Капија со далеку поголема брзина од дозволената. 

„На 29 август  во 23:20 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.(34 год) од Република Србија, откако при проверка на патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека во два наврати бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило. Делото го сторил 22 август  годинава, во 13:42 часот, на автопатот А1, во близина на Демир Капија, Д.П. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, а на 20 август , во 19:40 часот, на истата делница, повторно управувал со брзина од 169 километри на час. Во двата случаи на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

 Во последните седум дена, на територијата на ОЈО Кавадарци, кое го покрива делот на автопат каде е случена делото,  Градско – Демир Капија, биле примени пет кривични пријави за странски државјани за „безобѕирно управување со моторно возило“. Освен Српски државјани сторители биле државјани на Холандија, Турција и Шведска.  Турчинот А.Р. (45 год) управувал возило порше со француски регистраски таблички  со брзина од  171 км/ч. Швеѓанецот М.С. (39 год)  управувал возило фолсфаген со српски регистарски таблички со брзина од 175 км/ч.  Србинката И.М. (51 год) со возило мерцедес бенз возела со 168 км/ч. Холанжанецот А.А. (32 год).со возило ауди  управувал возило со брзина од 177 км/ч. Сите овеи лица делото „безобѕирно управување со моторно возило“ го сториле на место каде дозволената брзина била 80 км./ч. 

„За овој период од седум дена на пет странски државјани изречени им се  максималните четири парични казни во висина од 1.500 евра и  една парична казна од 1.000 евра. Истите се веднаш платени“ – соопштија од ОЈО Кавадарци. 

Доколку сторителот на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, драстично  ја надмине дозволената брзина, со повеќе од  70 км во населено место или 90 надвор од населено место а возачот веќе има изречена претходна сообраќајна осуда, возилото се одзема, пишува во Кривичниот законот член 297 и член 300. 

Во вториот случај на казнетиот  српски државјанин Д.П., при сторувањето на вториот прекршок за само еден километар помалку изебгнал да му биде одземено возилото. Го управувал со 169 км. а доколу возел 170 км. истото ќе му било одземено. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати