Петар Печков
Објавено: петок, 25 април 2025
Советот на општина Велес донесе одлука, со која се прифаќа донација од компанија, во висина на илјада евра. Таа е за изградба на детско игралиште, кое ќе биде лоцирано на улицата Димитар Влахов.
„Со оваа донација, Општина Велес ќе добие уште едно модерно спортско катче, каде жителите ќе можат да се дружат, спортуваат и рекреираат“ пишува во одлуката.
Локацијата каде треба да биде поставено детското игралиште, е на местото од металните времени објекти, спроти ДОЗ. Тоа ќе се гради откако ќе се отстранат бараките, најавија од локалната власт.
Советникот Марјанчо Николов, не се согласи игралиштето да биде на таа локација.
„Тоа ќе биде на две метри од улицатга, колку и да ставиме заштитни мрежи, децата може да истрчаат на улица и да се случи некој непосакуван настан. Колку децата ќе бидат безбедни. Широчината на игралиштето е 3 -4 метри. Колку забавни реквизити може да се постават. За мене попаметно е на тој дел од улицата, истата да се прошири со трета сообраќајна лента. Сега состојбата таму е лоша, една летна е одземена со паркриање и во остатокот треба да се разминат две возила. Наутро кога од ова место велешани чекаат да заминат за Скопје на работа, се создаваат гужви, нервозни возачи, колони возила. Сметам дека треба да се преиспита намената, наместо детското игралиште, да се изгради трета сообраќајна лента“- кажа Николов.
Тој како можна локација за игралиштето го посочи просторот од некогашниот, сега разрушен театар. Од општинската администрација одговорија дека таму е ветено изградба на паркинг, кој е неопходен, по затворањето на паркингот пред судот. Со неговата изградба на паркинг, треба а се премости надостигот од паркинг простор во центарот на Велес