Во крводарителска акција во касарна, собрани 48 крвни единици

Петар Печков

Во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“се одржа традиционалната крводарителска акција. Вкупно беа дарувани 48 крвни единици, од кои 12 лица даруваа крв за прв пат.

Во акцијата учествуваа воени лица, офицери и подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата.

Крводарителскта акцијаа беше реализирана од  Општинската организција на Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина.

Во велешката касарна годинашно се организираат по три крводарителски акции, годинава остануваат уште две.

фото ОО Црвен крст Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати