Во вторникот немаше патнички возови од и кон Битола

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, вторник,  железничкиот сообраќај од и кон Битола беше во прекин. Вчера не заминаа утринскиот,  попладневниот  од Велес кон Битола и  утринскиот, пладневниот и  вечерниот од Битола за Скопје.

Причината била што во понеделникот  се  оштетил патнички воз за Куманово, кој подоцна треба да се врати за Скопје а од таму да продолжи за Битола.  Неисправноста на таа гарнитура, предизвикала да се проверат и другите патнички гарнитури  кои биле во возна состојба, а  надлежните не дозволиле да бидат  пуштени во сообраќај.

Поради ова немало гарнитури кои ќе го одржуваат патничкиот сообраќај до Битола и назад. Така не сообраќал и вечерниот воз од Скопје за Битола во понеделникот. Од утрово, среда, редуцираниот патничкиот железнички сообраќај од и за Битола е нормализиран.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати