Петар Печков
Објавено: четврток, 24 април 2025
Во фоајето на велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“ вчеравечер беше промовирана книгата ,,Лида Барова и други драми'' од Милош Латиновиќ, српски писател и директор на театарскиот фестивал БИТЕФ. Книгата збирка драми е во издание на ЗРУМ „Перун Артис“ од Битола. Во неа се застапени драмите „Лида Барова“, „Бардо“, „Случајот Пазолини“, „Маерлинг, или кој го напишал бре ова... “ и „Крвта на црвениот петел“.
„Кога ќе ја погледнете оваа збирка драми низ умот ви прелетува една мисла, а тоа е: дали во овие ископани вистини лежи манипулацијата на човекот и зошто историската неправда секогаш мора да биде свиткана во обландата на постхумната слава. Историјата во овие пет драми е слугинка која на авторот му го донесува она што му треба, а потоа си заминува молчешкум свиткувајќи си го грбот пред неговата писателска интерпретација“ - кажа промоторот Сашо Огненовски.
Промоцијата беше збогатена и со актерските интерпретации на Сандра Танчева и Кире Ацевски, кои внесоа живост и емоција во зборовите на Латиновиќ и мина мина во духот на книжевноста и сценската уметност, со инспиративни говори, разговори за драмата како форма и моќта на пишаниот збор. Промоцијата беше на Светскиот ден на книгата и авторското право.